Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на планинскиот превој Стража, од 50 – 100 метри во Крушево и до 100 метру на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир.

Од ЈП Македонијапат предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Дежурните екипи на Македонијапат, информираат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 15:15