Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, која ќе се повлече од функцијата следната недела, денеска повторно повика на вакцинација против коронавирусот во најновата епизода од серијата од повеќе од 600 поткасти преку кои им се обраќа на граѓани.

– Ве повикувам уште еднаш сериозно да го сфатите овој подмолен вирус. Се чини дека новата варијанта Омикрон е уште позаразна од претходните. Вакцинирајте се! Не е важно дали е прва или трета доза. Секоја доза е корисна, рече Меркел.

Таа повтори дека новиот бран на коронавирус е „многу сериозен“, па дури и драматичен во областите каде болниците се преоптоварени.

Меркел, која следната недела ќе му ја предаде функцијата на социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц, се заблагодари на огромното мнозинство граѓани кои ги почитуваат мерките против епидемијата на коронавирус.

Поткастот на Ангела Меркел е последниот во серијата од повеќе од 600 видео поткасти што таа ги сними за време на нејзините 16 години на чело на Германија.

Првиот подкаст беше во 2006 година, пред почетокот на Светското првенство во фудбал.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 15:17