Најмалку 30 лица загинаа при напад, најверојатно извршен од џихадистите, врз транспортно возило во централниот дел на Мали, соопштија денеска локалните власти.

– Терористите во петокот убија најмалку 30 цивили во транспортно возило во близина на Бандијагара во центарот на Мали. Патниците беа застрелани, а возилото било запалено“, соопштија локалните власти, додавајќи дека меѓу жртвите има деца и жени.

Засега никој не презеде одговорноста за нападот.

Од 2012 година, Мали е цел на напади на џихадистички групи поврзани со Ал Каеда. Мировната мисија на ОН е во земјата од 2013 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 15:55