На индонезискиот остров Јава вторпат годинава еруптираше активен вулкан.

Локалните жители бегаат од огромен облак од пепел од вулканот Семеру. Се уште нема извештаи за жртви, а во тек е евакуација на населението.

Издадено е предупредување до авиокомпаниите за облак од пепел што се издигнува до 15.000 метри.

Последен пат вулканот Семеру еруптираше во јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 16:00