Русија ги негира наводите на американските медиуми за потенцијален руски напад врз Украина, обвинувајќи ги САД дека се обидуваат да ја влошат ситуацијата.

Вашингтон пост повикувајќи се на разузнавачки информации објави дека Русија на почетокот од идната година планира офанзива врз Украина, во која би учествувале 175.000 војници.

– САД спроведуваат специјална операција за влошување на ситуацијата поврзана со Украина и ја префрлаат одговорноста на Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

САД, нивните сојузници во НАТО и Украина ја обвинуваат Москва за распоредување на безбедносни сили во близина на границата со Украина, а Киев стравува дека Русија планира напад. Москва ги отфрла тие тврдења и го обвини Киев дека исто така распоредува сили за да ја нападне територија контролирана од проруските сепаратисти.

Москва нагласува дека има право да распореди војници на своја територија и дека тоа не претставува закана.

Претседателот на САД и на Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, наскоро ќе имаат видеосредба на која ќе разговараат за тензиите околу Украина, седум години по руската анексија на полуостровот Крим и бунтот на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 16:04