Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза денеска потпиша декрет со кој се распушта Парламентот поради престојните предвремени избори.

Декретот е потпишан последниот ден од рокот за распуштање на Парламентот, што мора да биде 55 дена пред избори

Предвремените парламентарни избори во Португалија се закажани на 30 јануари 2022 година откако беше поразена малцинската социјалистичка влада при гласањето за буџетот за следната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2021 16:00