Џилијан Андерсон и Шарлот Гејнсбур ќе глумат во новиот филм на Скот Купер „Окото кое гледа сѐ“ (All-Seeing Eye). Сценариото е засновано на истоимениот роман на Луис Бајард.

Дејството се одвива во 1830-тите години. Готскиот криминалистички трилер раскажува епизода од животот на младиот америкаски писател Едгар Алан По. Претходно беше најавено дека него ќе го игра Хари Мелинг.

Во филмот ќе глуми и Кристијан Бејл, како искусен детектив кој му се обраќа на По за помош во криминална истрага.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2021 11:55