„Си-ен-ен филмс“ и „Ејч-би-оу макс“ (ХБО Макс) синоќа најавија дека наскоро ќе започнат со емитување на документарен филм за Алексеј Навални, еден од најпознатите критичари на Кремљ. Филмот говори за труењето на опозиционерот, настан по кој тој речиси го загуби животот.
Како што соопштија телевизиите, првата е голема американска национална кабловска мрежа, втората е водечки стриминг сервис, партнерството со канадскиот режисер на документраци, Даниел Роер, се одржало да се продуцира „разобличувачки и реалистичен документарен трилер“ кој бил сниман „непосредна како се одвиваа настаните“.
-Со ненадминат пристап до самиот Алексеј, Даниел и целиот тим успееја на мајсторски начин да создадат фасцинантен, суров трилер“, изјави Кортни Секстон, главен потпретседател на „„Си-ен-ен филмс“.
-Да се биде во првите редови на историјата додека го снимав овој филм беше искуство што ми го смени животот, изјави режисерот Роер.
Извршен продуцент на филмот е Марија Певчих, соборничка од тимот на Навални.
На опозиционерот му се слоши во авион на лет Томск-Москва на 20 август 2020 годоина, поради што воздухопловот изрши вонредно слетување во Омск. Оттаму, по долги преговори политичарот беше превезен во берлиннската клиника „Шарите“. Независни лаборатории на Германија, Франција и Шведска во организамот на Навални открија траги од боев отров од групата „новичок“. Нивните заклучоци беа потврдени од Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Независни новинарски и детективски истражувања, вклучувајќи и на Си-ен-ен, нападот го поврзаа со руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Навални се врати во Русија пред речиси една година, лани на 17 јануари, кога непосредно во аеродромот беше упасен од руската полиција врз основа на стари и според набљудувачите сомнителни тужби.
Наредбата за негово труење Навални смета дека е дадена директно од Кремљ, оттаму тоа го негираат.
Минатиот месец тој и неговиот тим отворија вебсајт со сите досега достапни материјали за неговото труење и понудија три милиони рубљи награда во замена за понатамошни докази и информација за случајот.
Американските телевизии не најавија конкретна дата кога ќе почнат да го емитуваат филмот „Навални“.