Во условите за аплицирање е наведено дека носител на проектот е правно лице кое може да обезбеди квалитетна имплементација на проектот кој треба да биде во согласност со усвоените приоритети на УНЕСКО за петте главни програмски облaсти.

Националната комисија за УНЕСКО на Република =Македонија информира за објавениот повик од УНЕСКО до државите членки за поднесување предлог-проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за периодот 2022-2023 година.

Врз основа на Резолуцијата 41 Ц/48 усвоена на 41. Генерална конференција на УНЕСКО во 2021 година, се повикуваат државите членки, преку своите национални комисии најдоцна до 28 февруари 2022 година да поднесат до УНЕСКО најмногу седум предлог-проекти од петте главни програмски области на УНЕСКО: образование, природни науки, општествени науки, култура, комуникации и информации, и еден регионален проект.

Во условите за аплицирање е наведено дека носител на проектот е правно лице кое може да обезбеди квалитетна имплементација на проектот кој треба да биде во согласност со усвоените приоритети на УНЕСКО за петте главни програмски области.

На национално ниво проектите добиваат финансиска поддршка до 26.000 американски долари, на субрегионално и интеррегионално ниво – до 28.000 американски долари и на регионално ниво – проекти со финансиска поддршка до 38.000 американски долари. Рокот за реализација на одобрените проекти ќе биде 31 декември 2023 година.

За проектите на регионално, субрегионално и интеррегионално ниво, со посредство на Националната комисија за УНЕСКО, потребно е да се обезбедат од две до три писма за поддршка од другите држави.

Со цел да ги достави предлог-проектите во согласност со предвидениот краен рок, потребно е правните лица од земјава да ги достават до Националната комисија за УНЕСКО пополнетите формулари на англиски или на француски јазик, како и на македонски јазик, најдоцна до 10 февруари 2022 година.

Во објавата се наведени начинот за аплицирање и адресите на кои треба да се пратат, како и информации зa Програмата за партиципација на УНЕСКО за периодот 2022-2023 година и постапката за поднесување на предлог-проектите заедно со формуларите.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2022 15:58