Поранешниот албански претседател, експремиер и историски лидер на опозициските демократи, Сали Бериша, ги повика САД и другите партнерски агенции за спроведување на законот да почнат истрага против претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, кого тој го нарече „политички мртовец”.

Бериша дури го обвини Баша дека е поврзан со криминал, а едно од обвиненијата е за перење пари.

-Голем проблем е за новите генерации да го поддржат него. Тој е симбол на недоверба и на оние кои се поврзани со криминалот. Вмешан во многу познати тешки корупциски скандали и во земјата на Ескобар. Ги повикувам органите на прогонот на земјите партнери да го истражат најмалку за перење пари, досие што во Албанија го затвори Еди Рама. Овој народ не може да прифати такви ужасни врски со криминал, испреплетени меѓу власта и групата на Баша брава, кој е политички мртовец, што мириса низ цела Европа, рече Бериша коментирајќи ја изјавата на американскиот заменик-помошник државен секретар за Јужна и Централна Европа, Габриел Ескобар.

Од Ескобар побара да ја преиспитаат одлуката за негово прогласување „нон грата” велејќи дека „оние што мислат дека мене ми наштетуваат, поддржувајќи го Баша, прават лоши пресметки“.

Претходно Ескобар го осуди насилството што се случи изминатиот викенд во Демократската партија на Албанија и рече дека тоа не може да биде средство за преземање контрола врз политичка партија.

-Мислам дека е жално што некој ќе употреби насилство врз вас, а не гласачка кутија, во обид да преземе контрола врз политичка партија. Ние го осудуваме ова. Не секој што тврди дека е член на Демократската партија е наш важен партнер во моментов, изјави Ескобар.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2022 16:13