Поранешниот дански министер за одбрана, Клаус Хјорт Фредериксен, се соочува со обвинување за откривање или споделување државни тајни, соопшти самиот денеска во писмена изјава, јави ДПА.

Обвинението е според член 109 од Кривичниот закон, што се однесува на пречекорување на границите на неговата слобода на изразување, напиша Фредериксен, се наведува во соопштението.

Тој денеска зборуваше како пратеник во парламентот за политички теми и немаше што друго да додаде.

ДПА пренесува дека овој конзервативен дански политичар не кажува точно за какви доверливи информации станува збор.

Одредбата 109 од Кривичниот закон се однесува на откривање или пренесување државни тајни, но ретко се користи во Данска. Неодамна, меѓутоа, одредбата имаше улога и во случајот со суспендираниот шеф на данската воена разузнавачка служба ФЕ, Ларс Финдсен. Финдсен моментално е во притвор. Нејасно е и за што конкретно се работи за неговиот случај.

Повеќе дански медиуми вчера објавија дека адвокатите дошле до заклучок дека Фредериксен може да биде обвинет и во случај што има врска со соработката за прашањата за надзор меѓу Данска и американската Агенција за национална безбедност (НСА).

Фредериксен, кој беше министер за одбрана од 2016 до 2019 година, неколку пати ја потврди оваа соработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2022 16:52