Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што е изречена казна за фирмата „Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“ и за фирмата ќе биде поднесена пријава до надлежните институции, известуваат од Град Скопје.

-ИЗВРШЕН Е ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ТРИ АВТОБУСИ И ДВЕ КОМБИЊА, ПРИ ШТО Е УТВРДЕНО ДЕКА КОМБЕ СО НАЗИВ НА ФИРМАТА „РОЈАЛ ТРАВЕЛ ДООЕЛ“ ВРШЕЛО ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ ОД И КОН СКОПЈЕ И ЕКСКУРЗИИ, БЕЗ ПРИТОА ДА ИМА ЛИЦЕНЦА ЗА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА И ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ, КАКО И ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЕКСКУРЗИИ СО ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ, ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ШТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ, А НЕ ПОСЕДУВА НИ ДОЗВОЛА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ, ИНФОРМИРААТ ОД ГРАД СКОПЈЕ.

Оттаму посочуваат дека фирмата „Ројал Травел ДООЕЛ“ под којашто е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, станува збор за лица и возила поврзани со „Беса Транс“.

На фирмата „Беса Транс“ и беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски, откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето, неспроведување на законите и законските обврски коишто таа како фирма е должна да ги почитува.

-Градот Скопје континуирано спроведува теренски контроли, со цел законите коишто се пропишани за оваа дејност да бидат почитувани и имплементирани во секојдневното функционирање на фирмите коишто работат со јавен превоз, а со тоа и да се овозможи квалитетно и одговорно вршење на дејноста од страна на превозниците и заштита на безбедноста на граѓаните. Соодветни пријави ќе бидат поднесени до надлежните институции за постапување, соопштуваат од Град Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2022 03:37