Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во понеделник ќе допатува во еднодневна официјална посета на Албанија, каде на аеродромот во Тирана ќе го пречека премиерот Еди Рама.

Претседателот и делегација што го поддружува, заедно со Рама, потоа ќе отпатуваат за Курбин да го пуштат во употреба станбениот блок, со 524 станови, изградени со средства на турската држава, во рамки на помошта за обнова на разрушените домови во катастрофалниот земјотрес, што Албанија ја погоди на 26-ти ноември 2019 година.

Ердоган дента ќе се врати во Тирана каде ќе биде официјалната средба со Рама, а два часа подоцна ќе ја посети џамијата Етхем-бег, која е реставрирана со средства од турската владина Агенција за меѓународна соработка и развој (ТИКА).

Реставрацијата на оваа џамија, изградена во отоманскиот период, почна во март 2018 година. Таа е споменик на културата од прва категорија и е дел од спомениците кои го сочинуваат историскиот центар на Тирана.

Потоа Ердоган ќе одржи поздравен говор во албанскиот Парламент на првата пленарна седница во оваа година, закажана за 17 часот.

Рама, кој е голем пријател на Ердоган, лани во Турција претсојуваше дури три пати. Првите денови од јануари, кога меѓу другото потпишаа договор за унапредување на билатералните врски на ниво на стратешко партнерство.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2022 03:37