Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2022 12:10