Портпаролот на сомалиската Влада утринава е ранет во силна експлозија на бомба пред неговиот дом во главниот град Могадишу.

-Првичните индиции говорат дека бомбаш-самоубиец ја предизвикал експлозијата, изјави фотограф на Ројтерс, потврдувајќи дека видел делови од човечки тела пред куќата на портпаролот на сомалиската Влада Мохамед Ибрахим Моалиму, кој итно бил префрлен во болница.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2022 12:35