Кусо пред 14 часот по локално време регистриран е земјотрес во морскиот дел на Егејско Море, јужно од Халкидики, со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, соопшти Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентатор на земјотресот бил во морето, 23 километри југозападно од Света гора, односно кај третиот крак, Атос, на Халкидики.

Земјотресот бил почувствуван во Солун, но и во други делови на Грција, а засега нема информации за повредени и материјална штета.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2022 16:29