Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ ја разгледува можноста за развој на поливалентни вакцини против нови соеви на инфекции со коронавирус, кои ќе се засноваат на различни варијанти како делта и омикрон, изјави заменикот-директор Денис Логунов.

– Можно е да се развие ваква комплексна вакцина против коронавирус, рече Логунов во интервју за ТВ каналот „Русија-1“, пренесува руската агенција ТАСС.

Тој прецизираше дека еден дел од таа вакцина ќе се базира на оригиналната варијанта или делта сојот, а другиот на сојот омикрон, така што ваквата вакцина ќе обезбеди поголема заштита од нови варијанти на вирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2022 01:38