Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека милиони бегалци во Јемен се соочуваат со зголемен глад поради намалената помош во храна, пренесува Анадолија.

„Бегалските семејства во Јемен се соочуваат со зголемен глад поради намалената помош во храна“, предупреди УНХЦР.

Тие наведоа дека повеќе од половина од бегалците во Јемен, поточно околу четири милиони луѓе живеат во области каде што е потребна итна помош во храна.

ОН претходно овој месец објавија дека некои од важните програми за хуманитарна помош во Јемен се суспендирани, а некои намалени поради недостиг на средства.

Јемен е место на конфликти и насилство од 2014 година, кога бунтовничкото движење Хути ја презеде контролата врз голем дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана. Конфликтот ескалираше една година подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници застанаа на страната на јеменската влада и почнаа да вршат воздушни напади врз позициите на бунтовниците.

Обединетите нации предупредуваат дека една од најголемите хуманитарни кризи во светот се одвива во Јемен, со милиони луѓе чии животи се загрозени поради глад и немање основни услови за живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2022 02:02