Шпанската полиција уапси 10 лица, меѓу кои и водечки шверцер на хероин, и заплени 55 килограми дрога, соопшти денеска полицијата.

Полицијата соопшти дека растурила синџир на шверцери со седиште во централната провинција Толедо, кои купувале големи количини хероин од добавувачи во Холандија, а потоа го дистрибуирале на дилери во централна и западна Шпанија.

Беа претресени осум имоти во Мадрид, Толедо и Касерес.

Полициските истражители го нарекоа водачот „шпански Пабло Ескобар“ на хероинот и рекоа дека тој е тесно поврзан со меѓународен нарко-клан управуван од турски државјанин од Истанбул.

Истрагата за синџирот на дрога започна во март, а во декември беше запленета голема пратка хероин. Полицијата не го прецизираше точниот датум на апсењето.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2022 02:25