Шестгодишната истрага на холандските власти укажува дека Ана Франк била предадена од еврејскиот нотар Арнолд ван дер Берг.

Засолништето на Франк било откриено од Ван ден Берг, според тврдењата на тимот во кој беше и пензионираниот агент на американското Федерално истражно биро, Винсент Панкок и околу 20 историчари, криминолози и експерти за анализа на податоците.

– Повеќе од 75 години откако нацистите упаднаа во засолништето на Франк во Амстердам, истражувачите заклучија дека „многу веројатно” дека Ван ден Берг го предал семејството што ја криеше Франк со цел да го спаси сопственото семејество, изјави членот на истражувачкиот тим Питер ван Твиск.

Обидот за идентификација на предавникот немаше за цел да доведе до кривично гонење, туку да се реши една од најголемите неразрешени мистерии во Холандија од времето на Втора светска војна. При истрагата составена е главна база на податоци за нацистичките соработници, доушници, историски документи, полициска евиденција и претходните истражувања.

Нацистите ја пронајдоа Франк на 4 август 1944 година по две години криење. Мип Гос, една од помагачите на семејството каде се криеше Франк, го чуваше нејзиниот дневник на безбедно место, се додека таткото на Ана, Ото не го објави во 1947 година, две години откако таа почина во логорот Берген Белсен на 15-годишна возраст.

Дневникот на Ана Франк е преведен на 60 јазици.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2022 15:07