Филмот „Исчезнатиот“ освои две меѓународни награди на Фестивалот на независен филм во Рим – наградата за најдобар игран филм во продукција на „Арбфилм“ на Арбен Тачи и наградата за најдобри костими дизајнирани од костимографот Албулена Боровци.

Фестивалот на независен филм во Рим е познат по изборот на независни кино филмови од секакви буџети, жанрови и националности, правејќи избор од најуникатните филмски остарувања. Наградуваните филмови, меѓу кои и филмот „Исчезнатиот“, ќе бидат прикажани пред публиката во киното „Фарнезе“ во Рим на 31 јануари 2022 година, каде ќе бидат доделени сертификатите за победниците.

Како што информираат од продукцијата „Арбфилм“, ова е петта меѓународна филмска награда на „Исчезнатиот” по наградата за најдобра фотографија на Анадолискиот филмски фестивал во Турција, наградата за дебитантски режисер на Фестивалот на незавизен Филм во Монтреал, Канада, и наградата за најдобар странски филм на Швајцарскиот меѓународен филмски фестивал.

Филмот „Исчезнатиот” се снимаше главно во Северна Македонија со неколку сцени снимени во Косово, Бугарија и Швајцарија. Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, а како малцинскска копродукција придонесоа и косовскиот Кинематографски центар и Националниот кинематографски центар на Албанија, информираат од „Арбфилм“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 00:58