Започнаа градежните активности за реконструкција и санација на делови во основното општинско училиште „Страшо Пинџур" во Кавадарци, соопштија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Ова значи дека во иднина ќе се подобрат условите за работа, како и одвивање на квалитетна настава за учениците, додаваат од кабинетот на градоначалникот.

Целосната инвестиција е од Министерството за образование и наука.

Училишната зграда е најстара во градот од воспитно образовната дејност, изградена е пред 80 години и на почетокот била за средношколци, а потоа за основци. Со години, вработените, учениците и нивните родители бараа спортска сала, која ја добија и беше отворена во месец декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 15:39