Откако минатата недела го доведе во своите редови голгетерот на Барнли, Крис Вуд, раководството на последно пласираниот тим во Премиер лигата Њукасл сега сака да го засили тимот со уште еден напаѓач во името на Дуван Запата (30) од италијанскиот прволигаш Аталанта, јавија денеска британските медиуми.

Аталанта е подготвена на преговори за трансфер на Запата, но прашање е по која цена. Њукасл нуди 30 милиони евра обесштетување, додека во италијанскиот клуб сметаат дека вредноста на колумбискиот напаѓач изнесува 45 милиони евра.

Запата дојде во Аталанта во летото 2018 година, и откако прво беше позајмен на Сампдорија, клубот од Бергамо го откупи неговиот договор за 12 милиони евра.

Напаѓачот во дресот на Аталанта има постигнато 78 голови на 152 натпревари во сите натпреварувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 15:55