Во Русија изолацијата на новозаразените со коронавирусот ќе биде скратена од 14 на седум дена, соопштија тамошните власти поради наглото зголемување на бројот на заразени со сојот oмикрон.

Руската вицепремиерка Татјана Голикова, која е на чело на кризниот штаб за сузбивање на коронавирусот, рече дека здравствените работници ги оптимизираат мерките за карантин и тестирање, вклучително и скратување на изолацијата на седум дена.

Таа додаде дека во наредните денови ќе бидат донесени уште некои одлуки, без да објасни за што се работи. Бројот на заразени лица во текот на денот во Русија е двојно зголемен во текот на изминатата недела, од над 15 000 на 10 јануари на 31 252 случаи денеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 17:03