Во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ во тек е реконструкција на санитарните јазли. Директорката на училиштето Весна Ристова вели дека санацијата е во завршна фаза и дека се подготвени за почеток на второто полугодие. Посочи дека проектот е затекнат и се продолжува во интерес на училиштето.

Во обиколка на средните општински училишта во Штип беше и градоначалникот Иван Јорданов.

- Обиколката низ средните општински училишта во Општина Штип ја започнав со Гимназијата “Славчо Стојменски”, каде во текот на зимскиот распуст на учениците, се врши реконструкција на дел од училиштето.

Овој проект во износ од 1.800.000 денари е инфраструктурен потег, преку кој индиректно и позитивно влијае на наставно-образовниот процес и резултатите на учениците, истакна Јорданов



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 17:08