Шефот на ЕУ дипломатијата, Жосеп Борел, разговарал денеска со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, за поддршката на ЕУ.

Борел го уверил Кулеба дека поддршката на ЕУ за Украина останува цврста и непроменета, како што потврдија 27-те земји членки на ЕУ по министерскиот состанок во Брест минатата недела.

ЕУ ќе продолжи да бара од Русија да ги повлече своите трупи од границата со Украина и ја пофалил Украина за нејзината воздржаност. Двајцата шефови на дипломатија детаљно разговарале за ситуацијата со Русија и безбедноста на Европа како и за кибер нападите насочени против Украина. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува државата меѓу другото преку помош за изградба на поголема отпорност против хибридни и сајбер напади.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 13:29