Позната е цената на билетите за натпреварите на завршниот турнир на Светското првенство во 2022 година, што ќе се одржи во Катар.

За странските навивачи минималната цена ќе биде околу 70 долари, што е за една третина поевтино отколку на претходното Светското првенство во 2018 година одржано во Русија.

Најевтината категорија (само за жителите на Катар) ќе чини 11 долари по билет, додека пред 4 години Русите можеа да ја купат двојно поскапо.

Мундијалот во Катар ќе се игра од 21 ноември до 18 декември и тоа ќе биде прв планетарен фудбалски собир што ќе се одржи во зима.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 13:47