Уругвајскиот фудбалски репрезентативец, и член на Атлетико, Луис Суарез може да го напушти клубот од Мадрид. Ова го објави шпанскиот новинар Жерар Ромеро на Твитер.

Како што е наведено, тој има понуди од клубови од Јужна Америка и Саудиска Арабија. Сепак, 34-годишниот напаѓач сака да продолжи да игра во Европа, па како една од погодните опции ја гледа Астон вила која е предводена од тренерот Стивен Џерард.

Суарез со Џерард заедно играа за Ливерпул. Уругваецот верува дека и покрај неговата возраст е способен да игра во толку силно првенство како што е Премиер лигата.

Во тековната сезона Суарез одигра 25 настапи за Атлетико во сите натпреварувања, постигнувајќи осум голови и една асистенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 13:51