Трајче Серафимовски (29) денеска го фати Светиот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица.

Во водата скокнаа 15 граѓани, а најбрз беше Серафимовски.

– Втор пат скокам по крстот и успеав да го фатам. Посакувам здравје и среќа на сите, рече Серафимовски.

Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите.

Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 14:38