Голем број неготинци денеска присуствуваа на настанот кој традиционално се одржува на големиот христијански празник Богојавление-Водици, со осветување на водите на реката Вардар и фрлањето на светиот крст. Десетина момчиња влегоа во студените води на Вардар, а најсреќен и најбрз од нив беше 21-годишниот Петар Давитковски од Црвени Брегови, кој прв го фати крстот.

– Од мое лично име и од име на општината Неготино на сите им честитав на храброста, а на Петар му врачив подарок-телевизор. Тој од МПЦ,, Свети Атанасиј,, доби библија и икона, а од генералниот спонзор ,,Зегин”, машина за перење. На сите православни христијани од општина Неготино им го честитам празникот Богојавление-Водици со желби за добро здравје и среќа. Бог се јави, рече градоначалникот Горан Стојанов.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 14:50