На едно од најмасовните чествувања на Богојавление Водици во тетовско Раотинце, крстот го фати Кристијан Ѓорѓевски. Тој прв стигна до светиот крст во водите на реката Вардар откако чинот на водосвет го изврши парохискиот свештеник Жарко Мицковски.

-Ја имав честа во населеното место Раотинце да присуствувам на свечениот чин и на среќниот фаќач на светиот крст да му доделам симболична награда од општина Јегуновце. На Кристијан Ѓорѓевски му посакувам добро здравје, среќа и бериќет на него и неговото семејство. Водици традиционално се чествува во населениете места Раотинце, Ратае Прељубиште, Беловиште и Вратница, а општина Јегуновце доделува пригодни подароци, информираше градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски.

Во Ратае крстот го фати Андреј Трајчески.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 15:29