Епархијата Повардарска преку свои свештеници во соработка со Општина Чашка денеска по повод празникот Богојавление -Водици организираше фрлање на крстот во води во пет населени места во општината: во населба Чашка, Извор, Богомила, Согле и Теово.

Најсреќен во фаќањето на светиот крст во Чашка беше Славче Димитриевски, Стефан Славевски во населбата Извор, Стефан Илиевски во Богомила, Филип Димовски во Согле и Димче Костадиновски во Теово.

Верниците кои имаа среќа да го фатат крстот, од општината добија скромни подароци.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 17:33