СДСМ ја создаде енергетската криза и го уништи стандардот на граѓаните.

СДСМ е причина за поскапите сметки на граѓаните за струја и парно. Заради СДСМ од овој месец граѓаните ќе плаќаат и по 1.500 денари повеќе за струја и парно.

СДСМ не беа способни да обезбедат евтин гас, сега плаќаме поскапо парно, а државата од буџетот дополнува.

Да беше способна владата немаше воопшто да дојде до поскапување, а ниту до потреба дополнително да се покрива разликата во цени од буџетот.

Овие кризи со струјата и парното ги предизвика директно СДСМ и тие немаат капацитет да ги решат. Затоа потребни се предвремени избори и нова влада која знае да ги решава проблемите на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2022 15:45