Најмалку 29 лица, меѓу кои 11 деца и една бремена жена, загинаа во стампедо за време на христијански фестивал во густо населениот дел на Монровија, главниот град на Либерија.

Портпаролот на полицијата Мозес Картер изјави за Би-Би-Си дека стампедото се случило во средата вечерта кога членовите на бандата, од кои некои носеле ножеви, дошле на фестивалот и ги нападнале верниците. Тој додаде дека досега е уапсено едно лице.

Во последните години, на улиците на градовите во Либерија има се повеќе улични банди.

Претседателот Џорџ Веа денеска треба да го посети местото на трагичниот настан.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2022 15:49