Епархијата Повардарска по повод празникот Собор на Св. Јован Крстител во манастир „Св. Јован Крстител“ во велешкото село Ветерско утрово одржа Света златоустова литургија на која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски, Агатангел.

Манастирот „Св. Јован Крстител“ се наоѓа 25 килиметри северно од Велес во близина на патот кон Скопје. За почетокот од постоењето на манастирот не постојат пишани извори. Бидејќи црквата ги нема белезите на градбите, може да се претпостави дека датира од византискиот период.

Според еден ѕиден натпис над вратата од манастирската црква, може да се претпостави дека манастирот бил изграден во 1670 година, а натписот е напишан со словенско писмо. Но, можно е и таа година црквата да била само обновена и реконструирана, бидејќи Турците ретко дозволувале подигање нови христијански храмови. Историјата на манастирот е мрачна. Црквата е куполна, мала и темна. Околу неа се манастистирските конаци и други простории.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2022 16:23