Оскаровката Рене Зелвегер е актуелна со улогата на осудениот убиец Пем Хап во претстојната вистинита крими-драма „Нештата околу Пем“ (The Thing About Pam) и е едвај препознатлива во својот нов лик.

Зелвегер со маска на лицето за да изгледа 10-на години постара и во пастелна ветровка ја глуми Хап (63) – мајка од предградие која денес отслужува доживотна затворска казна за убиството на Луис Гампенбергер (лице со телесна попреченост) во 2016 година. Таа убила со умисла да го намести сопругот на нејзината пријателка Бетси Фарија – Рас, за убиство. Хап сведочеше против Рас Фарија.

Фарија мина четири години зад решетки за убиството на неговата сопруга пред да биде ослободен од обвиненијата во 2015 година. Смртта на неговата сопруга останува нерешена.

Серијата од шест епизоди ќе се прикажува на 8 март.

Ѕвездата од „Дневникот на Бриџит Џонс“ од четирите номинации за Оскар за најдобра глумица, ги доби одличјата за „Студена планина“ од 2003 и, за уште една вистинита улога – како легендарната Џуди Гарланд во биографскиот филм „Џуди“ од 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2022 15:27