Словачката скијачка Влхова го освои златниот медал во слалом на Олимписките игри во Пекинг. Таа иако по првото возење беше на 8.место, со извонреден настап во второто возење успеа да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум.
За Словачка ова е прво злато и воопшто прв медал на ЗОИ 2022.
Влхова двете трки ги заврши со вкупно време 1:44.98 минута.
Среброто го освои Австријката Катарина Линсбергер (1:45.06), додека трета беше Венди Холденер од Швајцарија (1:45.10).
Водечката по првото возење, Германката Лена Дур на крајот заврши како четврто пласирана и остана без медал.