Норвежанецот Бирк Руд го освои златниот медал во скијање слободен стил „Биг ер“ со резултат 187,75.
Второто место и сребрениот медал му припадна на Американецот Колби Стивенсон со 183 поени.
Швеѓанецот Оливер Магнусон со резултат 178.25 заврши на третата позиција.
По денешниот златен медал, Норвешка се изедначи со Шведска на врвот на листата медалисти со по четири освоени најсјајни одличја.