Германецот Винченц Гајгер стана олимписки шампион во нордиска комбинација на Игрите во Пекинг.
Гајгер со најдобар вкупен резултат 25:07,7 минути ги заврши скоковите на 90-метарската скокалница и крос-кантри трката на 10 километри.
Втор беше Норвежанецот Јерген Гробак со засотанување 0,8 секунди, додека третото место го освои Австриецот Лукас Грајдерер со 6,6 секунди пославо време зад победникот.
Со денешното злато, Германија заедно со Шведска и со Норвешка со по четири најсјајни одличја се на водечките три позиции на листа медалисти.