Македонската олимпијка Ана Цветановска утре ќе настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг, во трката на 10 километри во дисциплината крос кантри.

Трката започнува во 8:00 часот, по македонско време, а Цветановска ќе стартува во 8:45 часот со реден број 90. За настап на трката се пријавени 98 натпреварувачи.

Цветановска ќе биде вториот македонски спортист, кој ќе настапи на Игрите во Пекинг, по нордискиот скијач Ставре Јада, кој на вчерашниот спринт на 1.5 километар го освои 86 место од 88 учесници.

Третиот член на македонскиот тим во Пекинг, алпскиот скијач Дардан Дехари, поради повреда ги откажа настапите во слалом и велеслалом.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2022 05:13