Боксерите на скопски Вардар претрпеа висок пораз од 18-2 на синоќешното гостување во Лозница во рамки на 5. коло во групата А од регионалната лига.

Лозница сезонава му го нанесе вториот пораз на македонскиот тим и ја задржа лидерската позиција на табелата.

Според календарот, сите дуели од петтото коло ќе се одржат до крајот на февруари, а последното шесто коло пред плеј-офот во кој ќе се борат најдобрите четири екипи, е закажано за во март.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2022 12:06