Најдобриот фински натпреварувач во скијачко трчање, 30-годишниот Иво Нисканен, е олимписки победник во трката на 15 километри класичен стил, а до своето трето олимписко злато дојде денеска на убедлив начин, надминувајќи го второпласираниот Александер Болшунов од Русија за 23.2 секунди.

За Нисканен ова е втор медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, по бронзата во скијатлон, додека Болшунов по златото во скијатлон претпладнево мораше да се задоволи со среброто.

Бронзата ја освои Норвежанецот Јоханес Клебо, кој заостана зад Нисканен 37.5 секунди. И за него ова е второ одличје во Пекинг, по златниот медал што го освои во спринтот на 1.5 километар.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2022 13:16