Рускиот олимписки комитет изнесе денеска „сериозни сомнежи“ во врска со позитивниот допинг наод на својата натпреварувачка во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, 15-годишната Камила Валиева, од страна на Светската антидопинг агенција (WADA).

– Временскиот период во кој се анализирани примероците отвора сериозни прашања. Меѓународниот стандард за обработка на примероците во лабораторијата на WADA е 20 денови по испорачувањето на примероците. Чудно е што било потребно речиси еден месец примерокот да пристигне од Санкт Петерсбург во Стокхолм, каде се наоѓа лабораторијата, изјави претседателот на Рускиот олимписки комитет Станислав Подзњаков.

– Се чини дека некој намерно го чувал примерокот до завршувањето на екипното натпреварување во лизгање на Олимписките игри во Пекинг, на кои Русите триумфираа, посочи Подзњаков.

Валиева (15), според наодот на WADA, беше позитивна на триметазидин, лек познат под името TZL, која се користи за лекување ангина и други болести поврзани со срцето. Примерокот и беше земен на 25 декември, а резултатот од наодот беше објавен на 8 овој месец.

Валиева беше дел од рускиот тим, кој победи во вторникот на екипниот натпревар на Игрите во Пекинг, а тинејџерката стана прва уметничка лизгачка во историјата, која изведе четирискок.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2022 13:40