Норвежанката Марте Ројселан го освои денеска златниот медал во спринтот на 7.5 километри во биатлон на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Ројселан, која е водечка во Светскиот куп, триумфираше со време од 20:44, 3 минути.

Ова е трето одличје на Игрите во Пекинг за Ројселан, која претходно освои златен и бронзен медал.

Сребрениот медал го освои Швеѓанката Елвира Оберг, која зад победничката заостана 30.9 секунди, додека бронзата и припадна на Доротеа Вирер од Италија (+37.2 секунди).



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2022 15:14