Бахреин ќе биде домаќин на трките од светското првенство во Формула 1 се до 2036 година, откако од натпреварувањето денеска објавија дека е потпишан договор кој предвидува трки и во следните 14 години на патеката Сахир.

Бахреин прв пат беше домаќин на трка во Формула 1 во 2004 година и оттогаш е постојано во натпреварувачкиот календар, со исклучок на 2021 година, кога трката беше откажана поради пандемијата на коронавирус.

Трката за Големата награда на Бахреин вообичаено се одржува во првиот дел од сезоната, но оваа година ќе биде воведна од новата сезона и ќе се вози на 20 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2022 15:53