Руската женска репрезентација победи во штафетата 4х5 километри на Олимпијадата во Пекинг. Во составот на Русија беа Јулија Ступак, Наталија Непрјаева, Татјана Сорина и Викторија Степанова. Победничките патеката ја мина за 53:41.0 минути.

За Русија ова беше трето злато на Зимските олимписки игри во Кина.

Германија го освои сребрениот медал со 18,2 секунди побавно време.

Бронзата и припадна на Шведска, која доцнеше зад руската штафета 20,7 секунди



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2022 11:30