Двократната Грен слем шампионка Симона Халеп ја коментираше нејзината одлука да не ангажира тренер.

– Сега немам тренер, имам спаринг-партнер кој патува со мене. Не донесов одлуката за тренер. Не барам решение за тоа, само уживам и се надевам дека ќе се снајдам добро. Чувствувам одредена слобода, па мислам дека треба да се ужива во овој момент. Нема да кажам дека тоа е најдобрата ситуација, но навистина со нетрпение очекувам да се испробам и да видам како ќе биде, изјави Халеп за британските медиуми.

На прашањето дали сега самостојно ќе ги набљудува ривалите на турнирите за да се подготви за натпрев рите, Халеп одговори: „Не. Ги познавам сите девојки и сигурна сум дека знам да играм натпревари.

Халеп следната недела ќе игра на турнир во Дубаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2022 03:11