Американските хокеарки ја совладаа попладнево Финска со 4-1 (0-0, 2-0, 2-1) и ќе играат против Канада во финалето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг во кое ќе ја бранат титулата освоена пред четири години во Пјонгчанг.
Претходно денеска Канада обезбеди настап во финалето со убедлив триумф над Швајцарија од 10-3.
Финалето е на програмата в четврток со почеток во 05:10 часот по средноевропско време.
Канаѓанките немаат пропуштено ниту едно финале, откако женскиот хокеј влезе во олимписката програма на Игрите во Нагано 1998 и имаат четири златни медали.
САД имаат две златни одличја, а ова ќе биде само второ канадско – американско финале по Олимпијадата 2006 во Торино.