Французинот Клемент Ноел е победник во слаломот на Олимписките игри во Пекинг. Тој двете трки ги заврши со вкупно време 1:44.09 минута.
Иако по првата трка беше на шестата позиција, Ноел со одлично второ возење успеа да дојде до златниот медал.
Првопласираниот по првата трка, Јоханес Штролц од Австрија на крајот заостана за 61 стотинка и мораше да се задоволи со сребрениот медал.
На победничкиот подиум место си обезбеди и Норвежанецот Себастијан Фос-Солеваг кој во вкупното време беше побавен за 70 стотинки од победникот.
По денешната алпска дисциплина Франција се изедначи со Русија со по четири златни медали и во моментов е на 10.место во поредокот на земјите медалисти на ЗОИ 2022.