Репрезентацијата на Германија во женска и на Норвешка во машка конкуренција се победници во денешните спринт трки крос-кантри екипно на Олимпијадата во Пекинг.
Кај дамите, Германките победија со време 22:09.85 минути, пред Шведска која беше втора со заостанување од 17 стотинки и Русија која заостана 71 стотинка.
Кај скијачите, Норвежаните триумфираа со време 19:22.99 минути, односно 2,46 секунди подобар резултат од Финска и 4,29 од трето пласираната Русија.
Норвешка со 13 златни медали е лидер во поредокот на најуспешни земји на ЗОИ 2022, Германија е втора со 10 освоени најсјајни одличја.